logo
logo
logo

Болниците полни, се бара кревет повеќе: Околу 900 лица се на болничко лекувањe

Vecer | 09.03.2021

Болниците полни, се бара кревет повеќе: Околу 900 лица се на болничко лекувањe

Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 899 и има околу 330 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, или вкупно 353 лица се на лекување на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, најмногу 19 пациенти биле примени на Инфективната клиника, во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 примени пациенти, на интерните клиники имало 10 приеми, а во Козле бил примен 1 пациент.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 36, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациент со симптоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 80 пациенти, а на Клиниката за инфективни болести 125, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид-позитивни пациентки.

Во ковид-центрите низ земјава има вкупно 546 пациенти. Според извештаите во Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти, во Штип 41, на инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес 37, во Куманово 75, во ковид-центарот во Охрид има 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид-центарот во Гостивар 20, во Струга 17 болни, во болницата во Струмица хоспитализирани се 33 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 11, Кавадарци 69, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk