logo
logo
logo

Анкета

Анкета ИПИС: ВМРО ДПМНЕ и помнатаму во водство пред СДСМ, паѓа рејтингот на владата

Vecer | 07.03.2021

Анкета ИПИС: ВМРО ДПМНЕ и помнатаму во водство пред СДСМ, паѓа рејтингот на владата

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 1 и 4 март 2021 на 1109 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС. Во прилог се резултатите од истражувањето во однос на рејтингот на политичките партии.

Според анкетата на ИПИС, ВМРО ДПМНЕ е со најголема доверба кај граѓаните, и рејтинг од 23,1% а потоа следуваат СДСМ со 21,2%, ДУИ со 6,9%, а блиску до нив е Алтернатива со 5,9%.

Од помалите партии Левица има доверба од 4,4% додека 3,9% би гласале за некоја друга партија која не е поединечно спомната во оваа анкета.

Видливо е дека се забележува понатамошен пад на рејтингот на владеачките СДСМ и ДУИ во однос на минатото анкетирање пред Нова година, а анкетата е правена во период кога СДСМ нуди смена на сегашниот состав на владата со понуда за широка коалиција, влада во која би влегле ВМРО ДПМНЕ и Алтернатива.

Резултатите од анкетата го покажуваат политичкото и партиско расположение на граѓаните во овој период, и при анкетирањето се запазени стандардите за етничка, полова, географска и старосна структура на населението кое е анкетирано.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk