logo
logo
logo

Дали ќе се укинуваат катедрата за македонски јазик и книжевност?

Vecer | 28.02.2021

Дали ќе се укинуваат катедрата за македонски јазик и книжевност?

Дали ќе се укинуваат катедрата за македонски јазик и катедрата за македонска книжевност?

Ваква дилема поставил првиот човек на МАНУ, академик Коцарев на кординативниот онлајн состанок со стручната јавност, по повод Усвојувањето на националната програма за релизација на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ под покровителство на претседателот Пендаровски, пренесува Телма.

Според информациите што ги имал Коцарев последниот удар, во името на Конески, што се подготвува да се направи на Филолошки факултет кој го носи името на Блаже Конески, се „реформите“ на факултетот со кои престануваат да постојат катедрите по македонски јазик и македонска книжевност.

Но, денеска тој не одговарал на телефонските повици на Телма за да објасни на што ги темели ваквите сомнежи.

За професорката Искра Пановска – Димкова, кој е воедно и раководител на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици ваквите ставови на академик Коцарев се чисти измислици и лично смета дека се опасни манипулации.

Согласно Законот за високото образование, член 9, Факултетите имаат автономија во управувањето и тие сами одлучуваат за своите студиски програми. МОН нема ингеренции поврзани со студиски програми, се вели во дописот на Министерството за образование и наука, кое годинава додели 15 стипендии за студенти што студираат на Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Ректорот Никола Јанкуловски во телефонски разговор за Телма потврди дека следнатата недела планира да се сретне и со претседателот на МАНУ и со деканката Дучевска и претставниците на Катедрата по македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за да види за што точно станува збор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk