logo
logo
logo

Денеска се очекува пресудата за Сашо Мијалков во случајот „Таргет- Тврдина“

Vecer | 26.02.2021

Денеска се очекува пресудата за Сашо Мијалков во случајот „Таргет- Тврдина“

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој иако три дена беше недостапен, денеска, треба да биден присутен на пресудата за „Таргет- Тврдина“.

Обвинителката Ленче Ристоска, во завршните зборови за главниот предмет за незаконското прислушување кое се вршело од 2008 до 2015 година изјави дека Обвинителството успеало да докаже дека обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат и покрај сите пречки со кои се соочуваше во истрагата за случајот „Таргет-Тврдина”.

„Имајќи ги предвид последиците од кривичните дела и импактот што овие последици го имаат како на животите на лицата чии комуникации биле незаконски следени, така и на целокупните општествени процеси, сметаме дека нема пречка за обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујоски и Надица Николиќ, како создавачи на групата, да бидат изречени максимални казни затвор за секоја од кривичните дела кои им се ставаат на товар“, изјави Ристоска.

Во однос на ништењето на системот за следење на комуникациите, Ристоска рече дека судот треба особено да го следи износот на штета, што е нанесена со ваквите постапки на обвинетите и да изрече казни, со кои се постигнуваат целите на казнувањето. За разлика од Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Никола Бошковски, се во Грција каде што побегнаа за да избегнат притвор, но и веќе добија азил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk