logo
logo
logo

Партиска Фејсбук страна на СДСМ ОБЈАВИ КОНКУРС ЗА ДРЖАВНИ ПОПИШУВАЧИ, па го избриша (ФОТО)

Vecer | 24.02.2021

Партиска Фејсбук страна на СДСМ ОБЈАВИ КОНКУРС ЗА ДРЖАВНИ ПОПИШУВАЧИ, па го избриша (ФОТО)

Повик за пријавување на реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот попис осамна на партиска Фејсбук страница на СДСМ од Охрид.

Иако власта постојано ги негира обвинувањата дека пописот ќе биде партиски и ништо повеќе, сепак овој локален огранок на СДСМ се одлучил помеѓу своите сопартијци да ги  побара државните попишувачи.

Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ обира потписи за поништување на Законот за попис, и како што велат создавање на нов Закон за реален попис кој ќе биде вистинска статистичка операција ќе се спроведе во време кога нема да ги загрозува граѓаните.

Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски изјави дека потписи се збираат против фалсификат попис, односно за да се спречи кражба и да се тргне политиката од статистиката.

Од владејачката СДСМ пак велат дека пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди и конечно, како држава ќе имаме целосни, прецизни и релевантни податоци кои ќе послужат за креирање на издржани долгорочни политики за развој.

Според премиерот Зоран Заев Законот е согласно Еуростат и согласно и сите меѓународни стандарди и се работи за статистичка операција. Тој рече дека секаков вид на блокирање, одвраќање на вниманието на граѓаните и ставање во неизвесност, воопшто не е патриотски чин спрема државата и дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги мотивира граѓаните сите да се попишат.

Во меѓувреме СДСМ Охрид ја избриша објавата, откако самите ја увидоа грешката која ја направиле.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk