logo
logo
logo

Потресно сведоштво: Вечерва ќе беше фатално...

Vecer | 20.02.2021

Потресно сведоштво: Вечерва ќе беше фатално...

Кога институциите не преземаат ништо, жртвите спасот го бараат преку јавни објави. Вечерва жена јавно објави дека е малтретирана од личност која неколкупати ја пријавува во полиција.

Но иако во моментот на пријава интервенираат, насилникот го пуштаат на слобода и тој повторно се враќа.

– „Човекот“ што повеќе од една година ми влегува насилно или скришум, ме злоставува на секој можен начин, крши по дома, ми става нож под грло, ми се заканува со убиство и во состојба е да го изврши. Само да знаете дека го пријавувам во полиција, доаѓаат го вадат од дома, разговараат и го пуштат и он пак се враќа.

Вечерва ќе беше фатално.

Ме спасија фала им, меѓутоа пак го пуштија.

Заклучена сум, не смеам да излезам.Треба ли да си викнам лично обезбедување 24/7, да се отселам на друга планета или да ја земам правдата во свои раце???

Замислете колку многу ми требало ова да го напишам! Нека стои, да знаат луѓето дека има илјадници жртви, а никој не ги штити. Се разболев, тотално попуштив психички. Ќе извадам лекарско и ќе го тужам. Никогаш немало да верувам дека такви луѓе постојат.

Ни на сон, ни на филм не сум верувала. Ова е неиздржливо. Откако ќе ми остане детето без мајка и еден куп животни дома за кои се грижам, ич не ми е гајле колку ќе ме жалат и оплакуваат. Во смртна опасност сум, а никој не превзема ништо! – пишува во објавата на „Фејсбук“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk