logo
logo
logo

И Бугарите имаат ЖЕЛБИ за скопските улици, БАРААТ БРИШЕЊЕ НА ТИТО

Vecer | 19.02.2021

И Бугарите имаат ЖЕЛБИ за скопските улици, БАРААТ БРИШЕЊЕ НА ТИТО

Ново барање ни пристигна од Бугарија. Откако беше најавено дека ќе се менуваат улици во Скопје и беа објавени новите имиња, неизбежно некако во оваа ситуација беше да не пројават желба и од страна на Бугарија.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, повторно предизвика силни реакции со одлуката за преименување на улиците во градот, коментира бугарската медиумска агенција БГНЕС, која бара да се променат називите кои го носат името на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито.

Имињата на најпознатите водачи на националното ослободително движење, вклучително и учесници во солунските напади, се избришани од градот. Веќе нема да има улица во Скопје именувана по Борис Сарафов, кој заедно со Даме Груев и Анастас Лозанчев го предводеа штабот на Илинденското востание во 1903 година. Павел Шатев, еден од солунските атентатори, бил протеран од градот. По 1945 година, тој бил испратен во егзил од режимот на југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито, а неговото тело било фрлено во дворот на црквата во градот Битола.

За да биде доследен во своите одлуки, Шилегов, кој организираше „историски патувања во Скопје во спомен на Тито“, врати улица именувана по водачот на болшевичката револуција во Русија во 1917 година, Владимир Илич Ленин.

И денес македонската престолнина е единствениот град во Европа каде се среќаваат улици и булевари со имиња на комунистички лидери, вклучувајќи го и диктаторот Тито. Не постои ниту една улица во градот именувана на барем еден од десетиците илјади прогонувани и убиени од 1945 година. Со имињата на комунистичките водачи, има многу фабрики, училишта, па дури и културни центри.

По распадот на Советскиот Сојуз, дури и во Русија, старите имиња беа обновени, вклучително и Санкт Петербург, кој Сталин го преименуваше во Ленинград, пишува БГНЕС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk