logo
logo
logo

Синот на Данило Коцевски: Срцето и душата ги даде за Скопје, ГРАДОТ НЕ МУ ДАДЕ НИКАКВО ПРИЗНАНИЕ

Vecer | 18.02.2021

Синот на Данило Коцевски: Срцето и душата ги даде за Скопје, ГРАДОТ НЕ МУ ДАДЕ НИКАКВО ПРИЗНАНИЕ

Град Скопје ги објави имињата на новите улици, каде се најдоа голем број на лица кои немаат допирна точка со градот, но затоа не се најдоа многу личности кои имале навистина големи заслуги како за Скопје така и за Македонија.

Меѓу таквите е Данило Коцевски, најголемиот хроничар за Скопје.

Огнен Коцевски, синот на нашиот познат романописец, книжен критичар и раскажувач Данило Коцевски, преку својата Фејсбук објава реагираше дека градот Скопје не му оддаде никакво признание ни чест на неговиот татко кој својата душа ја даде за главниот град на нашата земја.

– Мојот татко, Данило Коцевски, единствениот врвен хроничар на градот Скопје, скопска легенда, боем, кој напиша толку многу за Скопје, кој го даде срцето и душата на Скопје. Градот Скопје по неговата ненадејна смрт на 13 септември, не најде за згодно да му оддаде никаква чест, признание, ниту награда за делото за кое тој го даде целиот свој живот, пишува во Фејсбук објавата на синот на Данило Коцевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk