logo
logo
logo

Почнува вакцинацијата во Македонија: Што точно знаеме за вакцината на „Фајзер“?

Vecer | 17.02.2021

Почнува вакцинацијата во Македонија: Што точно знаеме за вакцината на „Фајзер“?

Денеска, во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, ќе почне вакцинирањето на здравствените работиници што работат во ковид-центрите во целата држава.

Впрочем, здравствените работници ќе се вакцинираат со 4680 дози вакцини од производителот „Фајзер“ кои пристигнаа викендов во нашата земја од Република Србија.

Но, што точно знаеме за вакцината "Фајзер"?

Вакцината е резултат на американско-германско парнерство на двете компании „Фајзер“ и „Бионтек“. Таа ги помина сите три фази тестирање со ефикасност од 95 отсто, за што е потребно да се примат две дози на временско растојание од 21 ден.

Одобрена е во ЕУ, САД, Канада, Велика Британија, Швајцарија, Бахреин, Саудиска Арабија, Аргентина, Чиле, Коста Рика, Еквадор, Јордан, Кувајт, Мексико, Панама и Сингапур.

Услови за чување според упатството се 5 дена во фрижидер, а се замрзнува на -70 степени целзиусови.

Фајзеровата вакцина спаѓа во групата на вакцини на база на РНК (рибонуклеинска киселина), кои користат безопасни фрагменти од протеини или протеински лушпи кои го имитираат вирусот COVID-19 за безбедно поттикнување имунолошки одговор.

Колку време е потребно за да се развие имунитет по вакцинирањето?

Тестирањето на следење на имунитетот започнал седум дена по примањето на втората доза. Досега познатите резултати покажуваат дека имунитетот се гради во рок од четири недели од првата доза, иако експертите од „Бионтек“ тврдат дека тој почнува да се развива порано од тоа.

Колку трае имунитетот?

Во овој момент, тоа е тешко е да се каже, бидејќи клиничките испитувања не беа поставени за да одговорат на ова прашање. СЗО вели дека минимум шест месеци би бил прифатлив резултат.

Основачот на „Бионтек“ Угур Сахин вели дека очекува заштитата да трае „со месеци, па дури и со години“, со што се согласува и Еленор Рајли од Универзитетот во Единбург во Велика Британија.

Таа предвидува, во најлош случај, на некои да им биде потребна вакцинација еднаш годишно.

Можеме ли да престанеме да носиме маски сега?

И на крајот, прашањето кое сите без исклучок си го поставуваат сите во светот кога ќе се спомене вакцинацијата: Дали со тоа може да престанеме да носиме маски?

Не, велат експертите, вакцината нема да ги замени хигиенските мерки – тоа ќе биде додаток на хигиенските мерки. Дури и ако почне масовна вакцинација, ќе биде потребно повеќе време додека се имунизира добар дел од населението, за да се каже дека ризикот од зараза е намален до ниво да се прекине со мерките за лична заштита.

Посебно што, некои експерти не се сигурни дека со вакцината ќе престане целосно и асимптоматско ширење на вирусот или барем до некој степен што ќе спречат да се развиваат потешки облици на ковид-19.

Повеќето експерти велат дека дури и кога вакцината ќе биде широко достапна (што сега не е ), сепак ќе бидат потребни дополнителни мерки како маски сè додека не се анулира заканата по јавното здравје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk