logo
logo
logo

Презентиран нов пакет економски мерки: Ќе се бришат каматите на долговите кон јавните претпријатија на граѓаните

Vecer | 16.02.2021

Презентиран нов пакет економски мерки: Ќе се бришат каматите на долговите кон јавните претпријатија на граѓаните

Согласно петтиот пакет економски мерки, Јавните претпријатија на државно ниво ќе ги избришат каматите на долговите на граѓаните. Ова го наведе премиерот Заев презентирајќи ги новите владини мерки за поддршка на погодените од пандемијата со Ковид-19.

Вкупно 160 милиони евра тежи петтиот пакет на економски мерки на владата.

Ќе се помогнат сите сектори погодени од пандемијата преку 29 мерки. 91,7 милиони евра од вредноста на пакетот се директни буџетски пари, информира денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев.

– Овој пакет на мерки се продолжување на пертходните пакет мерки и треба да овозможи раст на економијата и враќање на патеките остварени во 2019 година со раст од 4 – 5 проценти, односно на динамиката на раст што ја имавме пред пандемијата – рече Заев.

Мерките, како што рече премиерот кои се распределени во распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонента, креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на Царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и директна помош за граѓанитесе опфатени сите сектори кои беа погодени од пандемијата.

Компаниите ќе можат да одбера дали ќе земат субвенции за плата или кредити за развој, кредити преку развојната банка, а ќе бидат помогнати и занаетчиите, спортистите, тутунарите и граѓаните кои имаат долгови кон јавните претпријатија.

Заев рече дека и здравствените работници кои беа заборавени во претходните мерки ќе добијат субвенции, како и компаниите кои должат кон државата, како и лозарите.

Со посебна мерка ќе се помогнат и Ромите, а ќе биде помогната и дигитализацијата на малите и микро претпријатијата.

Компаниите кои годинава на своите работници ќе им исплатат К-15 во висина над минимално утврдената, односно повисока од 40 проценти од просекот на трите последни објавени републички плати, ќе бидат ослободени од плаќање данок за тие средства.

Заев рече дека мерките ќе се користат до крајот на 2021 година за да имаат ефект врз економијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk