logo
logo
logo

Минисни температури уште утре: Следува промена на времето

Vecer | 16.02.2021

Минисни температури уште утре: Следува промена на времето

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 5 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено со мала облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 1 степен.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Утре доцна попладне и навечер на планинските места ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен, а во четврток Долж Повардарието и на исток повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималните температури и понатаму ќе бидат доста ниски и понекаде ќе се спуштаат под -10 степени, додека максималните ќе бидат во пораст, особено од четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk