logo
logo
logo

Заев и неговиот лош англиски јазик - инспирација за ваксајнс.мк

Vecer | 11.02.2021

Заев и неговиот лош англиски јазик - инспирација за ваксајнс.мк

Креаторот на веб сајтот ваксајнс.мк кој попладнево беше повикан на разговор во полициска станица, Адил Бакиу за Фокус изјавил дека бил инспириран од лошиот англиски јазик на премиерот Зоран Заев, кога на панел на Атланскиот совет пред неколку дена, наместо вексинс (вакцини), неколку пати повтори – ваксајнс.

Инаку, креаторот на веб сајтот, кој директно води до официјалната страница на МЗ каде заинтересираните се регистрираат за вакцина против Ковид-19, за „Фокус“ вели дека немал никакви лоши намери, туку на сатиричен начин сакал да покаже малку иронија за изјавата на премиерот дадена на лош англиски јазик.

-Во полициската станица ме известија дека добиле пријава од Министерството за здравство за упад. Сепак, овде не се работи за упад, од ваксајнс.мк директно се пренасочуваат сите кон официјалната страница за регистрација. Момците во станицата имаа разбирање, знаат што е редирект – појаснува Бакиу, кој е систем администратор и сопственик на prohost.com.mk.

Околу брзата интервенција на полицијата и неговото инстант повикување на разговор во станицата, додава дека се надева како и за случаи кога жени пријавуваат злоупотреба на нивни фотографии и лични податоци на разни интернет страници и социјални мрежи, ќе се покаже истата ажурност и нема да се чека за откривање на сторителот со години, или пак како многу случаи, истиот никогаш да не биде откриен и изведен пред лицето на правдата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk