logo
logo
logo

Апелација пресече: Возачот кој усмрти двајца кај Млечен ќе оди во затвор

Vecer | 09.02.2021

Апелација пресече: Возачот кој усмрти двајца кај Млечен ќе оди во затвор

Наместо условна казна виновникот за сообраќајката која се случи кај „Млечниот ресторан“ во Скопје ќе добие две години затвор и две години забрана за управување возило.  Апелацискиот суд во Скопје ја преиначил пресудата за сообраќајката која се случи во октомври 2018 година.

Информацијата на социјалните мрежи ја потврди сопругата на Гоце Димитриевски, Наташа, која во сообраќајката го загоби сопугот и нивното неродено дета. Таа пак, се здоби со тешка телесна повреда.

„Бескрајна благодарност до сите, правда за Гоце, правда за мене, правда за нас. Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај Млечен и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв, затоа што ми го одзеде најмилото“, напиша Наташа.

Информацијата претходно ја соопшти и министерот за правда Бојан Маричиќ, во гостувањето на ТВ24.

Инаку, пред пет месеци, судијката Елена Јосифовиќ досуди само условна казна за возачот на џипот кој поминувајќи преку двојна полна лента, го пресекол патот на моторот со кој се возеле Наташа и нејзиниот сопруг.

Јавноста бурно реагираше на ваквата пресуда, а моторџиите организираа и протест.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk