Препораките за почитување на сите мерки остануваат и натаму, особено откако кај три лица во земјава е детектиран британскиот сој на коронавирусот во земјава, за кој стручните лица велат дека постојат сознанија оти се шири побрзо од претходните соеви.

Досега кај тројца пациенти во земјава е детектиран британскиот сој на коронавирусот. Надлежните здравствени власти на 27 јануари 2021 година објавија за првиот пациент заразен со британскиот сој на коронавирусот во земјава, кој веќе е оздравен. Вирусот беше детектиран во приватната лабораторија на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, при анализа на примероци од јануари.

Лабораторијата на МАНУ утврдува дали медицинскиот тим на Клиниката за нефрологија е заболен од британскиот сој на коронавирусот, со оглед на тоа што 29 здравствени работници заболеле во исклучително кус временски период.

Изминативе три дена повторно им се земени брисови кои се доставени во лабораторијата на МАНУ каде ќе се прави секвенционирање кое треба да потврди дали тие заболеле од британската мутација на вирусот. Истовремно во МАНУ, по случаен избор, ќе се прави и секвенционирање на позитивните тестови кои кај нив се испраќаат од лабораториите низ целата држава.

Министерството за здравство вчера соопшти дека во вчера биле регистрирани нови 175 случаи на Ковид-19, од направени 1733 тестирања. Во истиот период се регистрирани и 365 оздравени пациенти, но и седум починати лица.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 597. Има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.693, бројката на оздравени пациенти е 81.681, на починати е 2.855, а бројот на активни случаи изнесува 8.157

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 40.414, активни 4.249
  • Куманово 5.200, активни 365
  • Тетово 5.114, активни 323
  • Прилеп 4.561, активни 162
  • Гостивар 3.624, активни 203
  • Штип 3.502, активни 121
  • Битола 3.231, активни 171
  • Велес 3.100, активни 261
  • Охрид 2.820, активни 371
  • Кавадарци 2.604, активни 341
  • Струмица 2.535, активни 262
  • Струга 2.214, активни 159
  • Кочани 1.722, активни 70
  • Кичево 1.719, активни 127
  • Свети Николе 1.080, активни 35
  • Гевгелија 995, активни 102
  • Неготино 966, активни 85
  • Дебар 766, активни 93
  • Ресен 742, активни 99
  • Крива Паланка 724, активни 42
  • Радовиш 707, активни 51
  • Делчево 619, активни 178
  • Берово 594, активни 41
  • Пробиштип 507, активни 37
  • Виница 491, активни 31
  • Валандово 325, активни 11
  • Македонски Брод 246, активни 12
  • Демир Хисар 244, активни 6
  • Кратово 230, активни 25
  • Богданци 225, активни 25
  • Крушево 208, активни 26
  • Демир Капија 207, активни 39
  • Македонска Каменица 190, активни 17
  • Пехчево 183, активни 11
  • Дојран 84, активни 6