Владата не беше меѓу првите што честиташе на победата на Ердоган, а мислам дека требаше да го направи тоа. Но, не е нешто ново за мене вели проф. д-р Аднан Ќахил во емисијата „Заспиј ако можеш“ на „Алфа“.

Турција цело време нѐ ословуваше со Република Македонија додека сите нѐ омаловажуваа, потсети тој.

Во текот на емисијата се осврна и на актуелните проблеми во Македонија за кои причинител е власта.

Во Правда гледам дека подготвуваат еден закон во рамки на државјанство да пишува Турчин, Албанец итн. значи еден проект закон, рече Ќахил.

Тој запраша чуму е потребата тогаш да се прави попис во Македонија ако се подготвува еден ваков закон.

Ние се стремиме кон ЕУ така? Каде во Европа постои права и обврски во однос на процент? Тоа во Европа не постои, нагласи тој.

Говорејќи за уставните измени потсети дека за слобода на Македонија од 33.000 мртви во Втората светска војна има 8.000 мртви Турци.

Значи и Турци дале живот за слобода на Македонија и сега од власта ја бришат историјата. Но власта треба да знае дека Турците што живеат во Македонија не се гости туку државјани тука. Некој им рекол на Бугарите да ќе направиме сето тоа, а вие поддржете нѐ. И сега Бугарите се држат до тоа. И затоа велам прво треба да се расчисти во нашиот двор, и да кажат што прифатиле, што не прифатиле, па после да се свртиме кон Бугарија, рече Ќахил.

Тој појасни дека ако треба да граѓаните да станат нечии робови на еден договор на една клика, не треба да се прифати по ниту една цена.

Потребно е да има кадри на политичари кои што знаат што зборуваат, кои што можат да застанат позади нашите луѓе и да кажат не може ова вака, заради тие и тие работи. Ама што очекувате од овие луѓе на кои прво вработување им е министер, а од легално образование има само забавиште завршено. Како очекувате вие да ги брани интересите на Македонија, запраша Ќахил.