Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 23 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
– Во период од 06.08 до 23.09.2021 на територија на државата 32.818 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 22% биле целосно вакцинирани, односно 7248 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе недели, 25.570, 78% граѓани, од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 80%, додека само 20% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 23.09.2021  на територија на државата починале 1033 лица со Ковид 19, 888 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 14% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон, велат од МЗ и уште еднаш укажуваат на важноста од вакцинација.
– Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, додаваат од МЗ.