logo
logo
logo

600 деца под 18 год. возраст со дијабетес тип 1 се оставени да се снаоѓаат сами за сензори за мерење шеќер

Vecer | 16.01.2022

600 деца под 18 год. возраст со дијабетес тип 1 се оставени да се снаоѓаат сами за сензори за мерење шеќер

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски објави факти за однесувањето на досегашниот министер за здравство Венко Филипче кој за вфреме на избори се сети на децата со дијабетис, а потоа ги заборави.

Неговиот пост ви го пренесуваме во целост:

-Пред изборите Венко објави слика со малолетна пациентка болна од дијабетес-тип1, ветувајќи и набавка на бесплатни сензори за мерење шеќер. Околу 600 семејства кои имаат малолетни деца со дијабетес добија мала надеж.

Пред пет дена набавката за сензори за дијабет-тип1 беше поништена, но Венко овие денови не објави фотографија, ниту Владата објави соопштение. А семејствата на околу 600 малолетни пациенти со дијабет се оставени сами на себе, и се снаоѓаат преку пријатели да ги купуваат сензорите за мерење на шеќер од Германија, Италија или Австрија

Милолошски реагираше откако Марија Дудан, мајка на дете пишуваше токму на оваа тема уште вчера.

-Изјавава беше во период на избори. Имаше постапка и така магично на 10.01.2022 се носи одлука за поништување на постапката.

Поништувањето помина тивко, без медиуми и без реакција на Здружението за дијабетес.

 600 деца под 18 годишна возраст што имаат дијабетес тип 1 се оставени да се снаоѓаат сами за сензори за мерење шеќер (ги нема во Мк ниту да се купат!)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk