logo
logo
logo

6-ти пат „Gentleman's Ride“ низ Скопје, во чест на машкото здравје

Vecer | 23.05.2021

6-ти пат „Gentleman's Ride“ низ Скопје, во чест на машкото здравје

Во Скопје 6-ти пат ќе се вози  „Gentleman's Ride“, кое е дел од глобалното хуманитарно движење „The Distinguished Gentleman’s Ride“ кое се одржува во чест на машкото здравје.

Стотина вљубеници во класичните мотори облечени во елегантни костими денеска ќе продефилираат низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста кај јавноста за машкото здравје и борбата против ракот на простата.

За разлика од лани кога поради пандемијата имаше индивидуално возење под слоганот „Ride solo together“, годинава е дозволено заедничко возење со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 – носење заштитна маска и држење на пропишаната дистанца.

Мотоциклистите, дел од нив придружени и со претставнички на понежниот пол, ќе возат околу 15 километри, од Аердором преку центарот на градот, до населбата Влае.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk