Поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е соомничен и во домашен притвор во рамки на истрагата за злоупотреби во Државна Лотарија се уште не е распитан и не дал исказ пред обвинител во постапката.
Ова го потврди и државниот обвинител Ненад Савески на денешниот брифинг со новинарите на кој рече дека секој обвинител работи согласно свој истражен план и одлучува кога ќе ги испита осомничените.
- Во тек се истражни дејствија во случајот и обвинителот по завршување на прибирањето на доказите ќе одлучи кога и дали ќе биде распитан осомничениот, објасни Савески.
Груби веќе 4-ти месец е во домашен притвор под полицицска заштита поради тоа што беше проценето дека безбедноста му е загрозена.
Претходно 14 месеци беше во бегство и сам се врати на граничниот премин Блаце на 23-ти февруари. Иако со определен затворски притвор, помина само три часа во Шутка и беше сменета одлуката.
Груби заедно со екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами е осомничен за проневера во службата при јавна набавка на ВЛТ апарати вредни над 8 милиони евра и злоупотреби при одлучување за Лотарија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата