logo
logo
logo

Уживајте уште малку, ОТИ ДОАЃА ЗАЛАДУВАЊЕ И ТОА ОД НЕДЕЛА

Vecer | 31.10.2024

Уживајте уште малку, ОТИ ДОАЃА ЗАЛАДУВАЊЕ И ТОА ОД НЕДЕЛА

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

УХМР соопшти дека во наредните денови следува период на стабилно и суво време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер најизразен во ноќта кон недела. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури во периодот до сабота ќе бидат пониски за некој степен, а од недела ќе бидат пониски за 4 до 5 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk