logo
logo
logo

447 ПОЧИНАТИ од корона САМО ВО АПРИЛ, денеска најмладиот 34 години

Vecer | 11.04.2021

447 ПОЧИНАТИ од корона САМО ВО АПРИЛ, денеска најмладиот 34 години

Застрашувачки се бројките на починати лица изминатиов период од корона вирусот. Само денеска се регистрирани 46 починати лица според податоците кои ги објави министерството за здравство.

Загрижува и тоа што се помлади лица ја губат битката со вирусот. Денеска најмладото лице кое почина како последица на инфекција има 34 години.

Од нив 13 лица се од Скопје (51г, 59г , две лица на 63г , 65г, 69г, 71г, две лица на 72г, 81г, 82г, 84г, 87г).

Како што стои во соопштението од Битола се 6 (53г, 67г, 70г, 72г, 78г, 90г) од Тетово – 4 (44г, 65г, 78г, 84г), по 3 починати пациенти од Куманово ( две лица по 70г и 76г), Прилеп (34г, 68г и 73) и Струмица (72г, 76г, 82г), по 2 од Штип (72г, 74г), Радовиш (47г, 70г) и Виница (62г, 76г), по 1 од Велес (84г), Кавадарци (84г), Охрид (59г), Струга (86г), Неготини (89г), Кратово (85г), Македонски Брод (76г) и Македонска Каменица (77г)

Од починатите пациенти, 43 се починати во болнички услови, а 3 лица во домашни услови

Само во април за овие 11 дена се починати 447 лица, односно бројката од вкупно 3781 колку што изнесуваше на 31 март, заклучно со денес изнесува 4.228

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk