40 возачи казнети за брзо возење

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, две со лесни телесни повреди и една со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и три лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои 13 поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај биле и 17 возила затоа што 15 биле нерегистрирани, едно поради истечена важност на сообраќајната дозвола и едно возило бидејќи било технички неисправно. Во текот на изминатите денови издадени се 120 мандатни платни налози, додека 44 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари