logo
logo
logo

КОЈ ИМА НАЈГОЛЕМИ ШАНСИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ?

ДАНЕЛА НЕКА НЕ ПОМИСЛУВА ДА СИ ЈА ПРОБА СРЕЌАТА - Граѓаните НЕЗАДОВОЛНИ од нејзината работа

Vecer | 08.02.2025

ДАНЕЛА НЕКА НЕ ПОМИСЛУВА ДА СИ ЈА ПРОБА СРЕЌАТА - Граѓаните НЕЗАДОВОЛНИ од нејзината работа

Според анкетата на „Локално.мк“ спроведена во периодот од 25 до 29 јануари 2025 година, жителите на Скопје изразуваат значително незадоволство од работата на актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

Истражувањето, кое опфати 1.150 испитаници преку телефонско анкетирање, покажа дека 77% од граѓаните ја оценуваат нејзината работа како „слаба“ или „многу слаба“, додека 68% „воопшто немаат доверба“ дека таа ќе ги реши главните проблеми на градот.

Во однос на потенцијалните кандидати за нов градоначалник, 18% од испитаниците го поддржуваат Златко Перински, по што следуваат Коце Трајановски со 16,5%, Орце Ѓорѓиевски со 14% и Петре Шилегов со 11,5%.

Останатите кандидати, како Висар Ганиу, Бобан Стефковски и Ѓорѓи Галетановски, добија помала поддршка. Анкетата, исто така ги идентификуваше најгорливите проблеми со кои се соочува Скопје.

Загадувањето на воздухот и јавниот превоз се на врвот на листата приоритети кои граѓаните очекуваат да се решат, додека сообраќајниот хаос и степенот на јавна хигиена, исто така предизвикуваат значително незадоволство. Ова истражување укажува на потребата од итни мерки за подобрување на квалитетот на живот во главниот град, како и на потенцијални промени во локалното раководство

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk