logo
logo
logo

33-годишен скопјанец во ПРИТВОР зашто дома и во станот на покојниот дедо одгледувал марихуана

Vecer | 16.09.2021

33-годишен скопјанец во ПРИТВОР зашто дома и во станот на покојниот дедо одгледувал марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека лицето во станот во кој живее и во станот на неговиот покоен дедо во Скопје недозволено одгледувал, преработувал и држел за продажба наркотична дрога – марихуана.

При претрес во домот на осомничениот на булеварот „АСНОМ“ во Скопје биле пронајдени и одземени вкупно 71 стебло од растението канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, гранки во процес на сушење, тегли и други пакувања со семки од марихуана. Во втората илегална импровизирана лабораторија, пак, во стан на булеварот „Партизански одреди“, полициските службеници откриле уште 81 стебло од растението канабис сатива, кои се одгледувале во специјално направени услови со инсталирано посебно осветлување и температурни услови. Во станот биле пронајдени и 12 помали саксии со насади, ламби, вентилатори, засилувачи и друга опрема за производство на марихуана.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека ваквата мерка е неопходна за непречено водење на постапката, односно заради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност осомничениот да го повтори делото.​​

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk