logo
logo
logo

30 дена притвор за возачот кој ја прегази 24- годишната девојка

Vecer | 21.01.2022

30 дена притвор за возачот кој ја прегази 24- годишната девојка

Судија на претходна постапка вечерва донесе решение за изрекување мерка 30 дена притвор за 22- годишниот скопјанец, кој со возило Цитроен ја прегази 24- годишната радовишанка на прешачки премин кај Сити Мол. -По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на ЈО, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото, соопштуваат од Обвинителството. Возачот кој синоќа на Партизанска ја прегази 24 годишната Викторија Николова од Радовиш беше приведен во полициска станица. Како што информираат од МВР, по налог на обвинителството се проверува дали возел под дејство на алкохол или психотропни супстанци, како и брзина со која се движел и дали поминал на црвено... Сообраќајката се случи кај Сити Мол пред 20 часот, во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин заедно со уште едно момче, автомобил „Цитроен“ управуван од 22 - годишник ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со повреди од кои починала на самото место. Според засега неофицијалните информации, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk