Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ЕНТ ОНТД-СВР СКОПЈЕ го приведоа Љ.Ѓ. (43) од Струмица, кој продавал хероин на територија на Скопје. При преглед кај него е пронајден хероин. Од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Осомничениот 43-годишник од Струмица, на 2 април, на наплатната рампа Миладиновци кај Скопје, се возел како сопатник во автомобил мерцедес, а кај себе неовластено за продажба држел 10,27 грама хероин. Дрогата, спакувана во две полиетиленски пакувања, ја пронашле овластени службени лица, кои веднаш ја одзеле, соопшти ЈОРМ.