logo
logo
logo

24: Беса Транс ПРОДОЛЖУВА ДА ОРГАНИЗИРА ТУРИ

Vecer | 08.12.2021

24: Беса Транс ПРОДОЛЖУВА ДА ОРГАНИЗИРА ТУРИ

Агенцијата „Беса Транс“ чиј автобус изгоре во Бугарија на враќање од Истанбул при што животите ги загубија 45 македонски граѓани пак продолжува со организирање тури од јануари. Ова го објави ТВ24 додавајќи дена на телефонскиот повик кај агенцијата добиле одговор дека со турите за Истанбул продолжуваат од јануари, но се уште немаат точни датуми за екскурзиите кои ќе ги организираат.

Во автобуската несреќа што се случи на 23-ти ноември во Бугарија животот го загубија 45 македонски државјани враќајки се од екскурзија во Истанбул, организирана од Агенцијата Беса Транс.

Инспекторите за транспорт и по речиси три недели откако се случи автобуската несреќа во Бугарија, во која животот го изгубија 45 лица - не успеале да направат вонреден инспекциски надзор во агенцијата Беса Транс, која ги превезуваше патниците, бидејќи сопственикот не бил достапен.

Откако ова вчера го изјави директорот на  Инспекторатот за транспорт, Руфат Хусеини, тој денеска за ТВ 24 вели дека доставиле писмен допис до агенцијата со датум и време на вршење на инспекцискиот надзор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk