И натаму висока смртноста од корона вирусот во Македонија. Како што соопштија од министерството за здравство починати се 17 лица.
Најмладото починато лице кои го загубило животот како последица на корона вирусот има само 23 години. Најстарото пак има 90 години.
Осум од починатите пациенти се од Скопје, од Прилеп се двајца. и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница.
Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Во Македонија досега се починати 3.545 лица.