logo
logo
logo

17 пациенти хоспитализирани за 24 часа во ковид центрите во Скопје, се лекуваaт вкупно 258 лица

Vecer | 12.05.2021

17 пациенти хоспитализирани за 24 часа во ковид центрите во Скопје, се лекуваaт вкупно 258 лица


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 258 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, информираат од министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 9 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 6 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 75 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 89 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 340 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, велат од МЗ.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Од утрово поради намалениот број на пациенти се затворени ковид центрите на Клиниката за Кардиологија, Клиниката за ОРЛ, Клиниката за Очни Болести и Институтот за Физикална терапија. Од почетокот на неделава без ковид пациенти се и Клиниките за Урологија и Пластична Хирургија кои веќе почаа со редовен хируршки програм. Во петок ќе се затвори и ковид центарот на Клиниката за Трауматологија при ТОАРИЛУЦ и од понеделник Клиниката за ортопедија и Клиниката за трауматологија започнуваат со редовен хируршки програм, известува ресорното министерство.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk