logo
logo
logo

16-годишно девојче седнало во кола и направило КАРАМБОЛ!

Vecer | 02.05.2021

16-годишно девојче седнало во кола и направило КАРАМБОЛ!

Вчера во 21 часот било пријавено дека во автокампот Крани-Ресен патничко моторно возило “фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки управувано од непознат возач удрило во пешакот А.К.(21) од Битола, како и во две паркирани возила и  канделабра, по што го напуштилo местото на настанот.

Во незгодата А.К. се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Ресен.

По преземени мерки утврден е идентитетот на возачот, станува збор за 16-годишнo девојче од Скопје, со кое бил извршен разговор во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk