logo
logo
logo

15% повисоки плати за Судиите

Vecer | 14.06.2021

15% повисоки плати за Судиите

Судиите со повисоки плати, покачувањето ќе се одвива постепено, 10% оваа година, а 5 % следната, со можност во 2023-тата нивната плата да се зголеми за уште 5 проценти информираше министерот за правда Бојан Маричиќ по средбата со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити.

Министерот информираше дека во следниот период ќе се разговара за зголемување на примањата и на судските слубежници и во јавното обвинителство, со цел подигнување на статусот на вработените во правосудниот систем.

-Не можеме да очекуваме дека ќе имаме одговорна и професионална судска власт додека не покажеме грижа за судиите и нивните плати.Очекуваме дека ова ќе се сфати како позитивна сигнал до целото правусствто дека државата се грижи за статусот на правосудните органи за судиите но исто така дека државата очекува поголема транспарентност зголемена одговорност и професуиионалност и од судиите и од сите кои работат во сдуството би сакал да нагласам на крај дека ова зголемување очекуваме да важи и за судските службеници и за јавните обвинители и таму да постигнеме сличен успех, вели Бојан Маричиќ – Министер за правда.

Зголемувањето на платите во судството се одвива паралелно со процесот за дигитализација, но и процесот за прочистување преку кој ќе треба да се прецизира одговорноста и ефикасноста на судиите. Министерот Маричиќ вели дека во следниот период во план е да се предложи нов Закон за плати на судиите со кој трајно би се дефинирале коефициентите на судската власт, како проблем кој се провлекува низ годините..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk