logo
logo
logo

15% ПОВИСОКИ ПЛАТИ ОД СЕПТЕМВРИ - СОНК и владата се договорија

Vecer | 17.05.2022

15% ПОВИСОКИ ПЛАТИ ОД СЕПТЕМВРИ - СОНК и владата се договорија

Денеска остваривме средба со раководството на СОНК од која јас како министер сум исклучително задоволен, изјави министерот за образование Јетон Шаќири по средбата со претставниците на СОНК.

Тој рече дека успешно завршила дискусијата која беше отворена во однос на повеќе прашања во изминатиот период кои ги засегаат наставниците и вработените во детските градинки

- И двете страни се согласивме да ги прифатиме предлозите на медијаторот во преговарачкиот процес кои беа отворени поради причините за штрајкот. Повисоки плати во образование ќе има, освен што го има порамнувањето на минималната плата, се договоривме и за дополнителни покачувања на платите на сите вработени во образование за 15% со исплата од септемвриска плата, изјави министерот.

Додаде дека ова е и за двете страни прифатливо и согласност во буџетските можности

- Нема да има кратење на платите за периодот на штрајк.  Прифатени се предлози кои заедно со СОНК во секоја подготовка за нареден буџет заедно ќе седнуваме да ги разгледуваме буџетите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk