logo
logo
logo

15 ДЕНАРИ ЌЕ ЧИНАТ НАЈЛОНСКИТЕ КЕСИ од 1 декември

Vecer | 15.09.2021

15 ДЕНАРИ ЌЕ ЧИНАТ НАЈЛОНСКИТЕ КЕСИ од 1 декември

Пластичните кеси кои граѓаните ги купуваат во маркетите од 1 декември ќе чинат 15 денари, за да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината. Ова е во новите измени, откако Собранието денеска го усвои Законот за управување со отпадот, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.

Гласањето за овие четири закони следи откако во август годинава од пратениците беа донесени Законот за управување со батерии, акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

Како што објави meta.mk, овие шест закони за управување со отпад ќе имаат конкретно влијание врз граѓаните и компаниите во земјава. За средствата од продадените пластични ќеси трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

Исто така, од 1 декември 2021 година ќе се забрани за користење пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во земјава.

Целокупната законска материја за управување со отпад е обемна, а Европската комисија уште во минатогодишниот Извештај за напредокот на нашата земја кон ЕУ упати критика дека законите за управување со отпад не се донесени. И покрај тоа што овие закони владата ги усвои на крајот од минатата година, тенкото собраниско мнозинство на власта и блокадата на Собранието на РСМ го одолговлечи нивното донесување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk