logo
logo
logo

„14 луѓе живи изгореа, СПОРЕД СУДСТВОТО НИКОЈ НЕ Е ВИНОВЕН“

Vecer | 06.06.2023

„14 луѓе живи изгореа, СПОРЕД СУДСТВОТО НИКОЈ НЕ Е ВИНОВЕН“

Вчерашната пресуда за случајот со модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 луѓе, е уште еден доказ дека во Македонија нема правда за народот, а судството служи само на власта. Во случај каде 14 пациенти ви горат пред очи, за кои би требало да се грижите и да ги лечите и капак на се да нема ниеден крив за сето тоа, само докажува до кој степен е политиризирано нашето судство.

Ова го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Впрочем тоа се виде и кај случаите на Ден Дончев, Рашковски, Лидија Димова и многу други, кои беа фатени во криминал, а денес се шетаат слободно, додаваат тие.

Во соопштението се додава дека за 14 фамилии не стигна правдата за своите најмили, кои очекуваа барем крајна разрешница, во која се знае кои се виновниците и истите да бидат казнети.

- Судството во Македонија веќе не е срам само за државата, туку срам и за цела Европа. Оваа криминална власт ја очекува пораз, а после тоа ќе има и одговорност, нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk