logo
logo
logo

ПОПИС: 13 РАЗВОДИ на лица од 15 -19 години

Vecer | 30.09.2022

ПОПИС: 13 РАЗВОДИ  на лица од 15 -19 години

Во  вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според брачниот статус, 23. 8 % се неженети/ немажени, 65.3% се мажени /женети, 7.2% се вдовци / вдовици и 1.6% се разведени. Регистрирани се и  вкупно 3 случаи на вдовци/ вдовици и 13 случаи на разведени во возрасната група од 15 -19 години.

Според новиот сет на податоци од Пописот 2021 кои се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98.4 % живеат во брачна заедница, а 1.6% во вонбрачна заедница.

81.1% од вкупното резидентно население изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а 11,7% дека се доселиле во местото на вообичаено живеење.

Според местото на раѓање, 90% од вкупното резидентно население се родени во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk