logo
logo
logo

Митева

„Jа ограбуваат Македонија - 25 ПАТИ ПОСКАПО КОСЕЊЕ ТРЕВА на патиштата, 1.5 МИЛИОН ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ“

Vecer | 29.03.2023

„Jа ограбуваат Македонија - 25 ПАТИ ПОСКАПО КОСЕЊЕ ТРЕВА на патиштата, 1.5 МИЛИОН ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ“

Над 2 милиони евра за косење на трева и кастрење на дрва на патен појас се новиот криминал на власта од кои излегуваат на површина скандалозните зделки на кои се темели оваа власт на ДУИ и СДСМ, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која денес изнесе  нови детали поврзани со овој тендер кој практично внимавајте се склучува во моментот кога државата има веќе друг активен тендер за уредување на патен појас.

- Имено, во 2021 година „Македонија пат“ има склучено договор за косење на трева и дрва на патен појас со времетраење од две години. Тоа е почитувани овој договор кој потврдува дека важноста на договорот се уште не е истечена и рокот на исполнување е валиден до месец јули 2023-та година. Што значи, додека „Македонија пат“ има активен договор за реализирање на оваа работа, ЈПДП склучува нов договор со друга фирма вреден 2 милиони евра. Ова почитувани е типичен пример на криминал и корупција, тендери за задоволување на лични бизнис интереси и оштетување на буџетот без рационално трошење на народните пари, рече таа.

Додаде дека она што е дополнително скандалозно е разликата во цени која „Македонија пат“ ја има во договорот со цената во договорот на ЈПДП. „Македонија пат“ има склучено договор со друга фирма за 25 пати поевтини цени на услугата за косење на трева и дрва на патен појас од цената на ЈПДП чија вредност достигнува над 2 милиони евра.

- Или, ако „Македонија пат“ обезбедила фирма да го направи сечењето на дрвата и косењето на тревата за 0,46 денари по м2, новата фирма од Кичево на тендерот на ЈПДП истата оваа услуга ја наплаќа 12 денари по м2. Односно, договорот на „Македонија пат“ кој е се уште важечки изнесува 1 милион евра за две години, а новиот договор на ЈПДП изнесува скоро 2,5 милиони евра. 1,5 милиони евра повеќе, рече Митева.

Нагласи дека ова е вистината која што се крие зад празната флоскула на ДУИ и СДСМ за европски фронт. Ова е нивната мантра - да цвета криминалот, да ја ограбуваат Македонија, тие да се богатат, а народот да осиромашува.

- Кога во Македонија нема пари за учебници, кога нема пари за лекови, криминалот цвета, а СДСМ и ДУИ се кријат зад фразата европски фронт. Оваа власт нема ниту една европска вредност која ја применува, напротив секоја нивна постапка и чекор е во насока на уништување на Македонија. Корупцијата тешка од 2 до 22 милиони евра се темелот на кој опстојува оваа криминална власт, потенцираше Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=ngi1BvRm8xc

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk