logo
logo
logo

Мицкоски на средба со кинескиот амбасадор: Негирањето на украинскиот народ наликува на бугарското негирање на македонскиот јазик и идентитет

Vecer | 22.03.2023

Мицкоски на средба со кинескиот амбасадор: Негирањето на украинскиот народ наликува на бугарското негирање на македонскиот јазик и идентитет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и меѓународниот секретар на партијата, Стефан Андоновски, остварија средба со Амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Н.Е. Џанг Ѕуо, соопштија од партијата.

Велат дека се разговарало за актуелната политичка и економска состојба на државата, како и руската инвазија врз Украина.

Мицкоски рече дека во Македонија има висок степен на криминал и корупција, како и дека државата тоне на економски план, поради лошото менаџирање и неспособноста на владата на СДС и ДУИ.

Мицкоски се осврна и на руската инвазија кон Украина, потенцирајќи дека руската агресија на независноста и суверенитетот на Украина, носи само штета и за народите на Украина и Европа, и за економијата и инфраструктурата во поширокиот европски регион. Негирањето на идентитетот, јазикот и самобитноста на украинскиот народ наликува на бугарското негирање на посебноста и самобитноста на македонскиот јазик и идентитет. Ова однесување е неприфатливо за 21виот век.

Воедно, Мицкоски се заблагодари за позитивната соработка и поддршка од страна на Народна Република Кина кон Македонија во областа на економијата и инфраструктурата, и ги поздрави традиционално пријателските односи помеѓу двете држави.

Соговорниците се согласија ваквите средби да продолжат и во иднина, како и да работата на унапредување на соработката, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk