logo
logo
logo

ЈАНКУЛОСКА Е ДИСКРИМИНИРАНА во Идризово, одлучи Комисијата за заштита од дискриминација

Vecer | 20.03.2023

ЈАНКУЛОСКА Е ДИСКРИМИНИРАНА во Идризово, одлучи Комисијата за заштита од дискриминација

Комисијата за заштита од дискриминација констатираше дека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска како осуденичка е дискриминирана во затворот „Идризово каде што издржува затворска казна од четири години.

Комисијата утврдила директна дискриминација од страна на Управата за извршување на санкции кон осуденичка од женски пол.

„Се утврдува директна дискриминација врз основа на пол во областа на правосудство и управа, од страна на Управата за извршување санкции, врз Гордана Јанкулоска. Се утврдува дискриминација на врз основа на пол од страна на Управата за извршување санкции врз лица од женски пол од Република Северна Македонија“.

Ова е мислењето коешто на 16 март го донела Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, постапувајќи по претставка од Гордана Јанкулоска поднесена на 22.12.2022 година под број 8-674/1, преку адвокатот Влатко Илиевски, против Управата за извршување санкции.

Конкретно, на Јанкулоска и е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, како и работно ангажирање.

Комисијата во образложението констатира дека станува збор за погодност кое може да се користи ако осуденото лице одлежало третина од казната или пак има примерно поведение.

Комисијата и препорачува на Управата за извршување на санкции во рок од шест месеци да изготви акциски план со конкретни работи и буџетирање за сите осуденици без разлика на пол да можат да ги користат сите погодности пропишани со закон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk