logo
logo
logo

„Дали МВР регистрирала пиштол на лице од листата „Безбеден град“ поврзано со криминал?“

Vecer | 19.03.2023

„Дали МВР регистрирала пиштол на лице од листата „Безбеден град“ поврзано со криминал?“

МВР на Оливер Спасовски се обидува со молк да забошоти огромен скандал. Дали во МВР е регистрирано оружје, пиштол Глок, калибар 9 милиметри, на лице со одобрение за оружје, Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година? – прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој прашува и дали Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година, е во првите пет на листата „Безбеден град“ за следење, листа на топ 50 поврзани со тежок криминал?

- А, зошто МВР, молчи за ова? Комисијата за дозволите, одобренијата за оружје е составена од Оливер Спасовски, а водена од неговиот пулен Музафер Каришиќ. Скандалот е уште поголем со тоа што токму Каришиќ е творец на планот „Безбеден град“! Творецот на овој план и список дава дозвола за оружје на лице во врвот на овој план и список, рече тој.

Истакна дека молкот повеќе не е опција за Спасовски, ниту за МВР, молкот е само обид да стивне скандалот којшто открива поврзаност, шурување на врвот на МВР на Спасовски со криминалот.

https://www.youtube.com/watch?v=9359iek-GqU

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk