меџити
„Кампањата „Тој доаѓа“ ИСТО КАКО ПАТИКИТЕ НА ГРУБИ ќе се врати како бумеранг“

Изет Меџити од Огнената група во Тетово изјави дека кампањата што ја најави ДУИ „Тој доаѓа“ ќе се претвори во иста кампања како „СРМН“ и „Зелена агенда“, пренесува ТВ21.
На прашањето дали оваа кампања ќе му се врати како „бумеранг“ на ДУИ, тој одговори:
„Секако. Како што се врати кампањата на СРМН, Зелената агенда како што му се вратиja патиките на Артан и сето она што ја дамкосало и девалвирало албанската политика“.
Инаку Артан Груби пред речиси една година беше критикуван откако својот Фејсбук профил објави фотографии со членовите и директорот на Националниот ансамбл на албанските народни песни и ора им честиташе првото место кое ансамблот го освои на 27-то издание на меѓународниот фестивал „Дуна Карневал“ во Будимпешта на кои носеше патики од брендот „прада“, кои вредат чинат 790 евра.