ДУИ ја нема исполнето изборната програма. Според потпретседателот на партијата Изет Меџити кој е дел од т.н. „огнена група“ не се исполнети петте главни обврски од изборната програма во јавната администрација.

Меџити вели дека ДУИ не успеала да реализира ниту еден од ветените 180 проекти во повеќе сектори.

Според него не се реализирани покривање на патни трошоци за административци кои патуваат повеќе од 10 километри од работното место, потоа, задолжително вертикално напредување на секој административен службеник кој ги исполнува годините предвидени за таа категорија.

Не е исполнети ни ветувањето за законска зарана за можност за конкурирање за работно место во администрација без потврда за етничка припадност обезбедена од надлежни органи, а ниту отворање на 6500 нови работни места за преведувачи и лектори со цел целосно спроведување на законот за јазици во сите институции.

Меџити вели дека не е реализирано ниту ветувањето за градење на инфраструктурни капацитети за спроведување на двојазичност во институциите.