logo
logo
logo

Таравари: Никој во овој момент не може да гарантира бројот 80 за уставни измени ќе биде сигурен

Vecer | 25.01.2023

Таравари: Никој во овој момент не може да гарантира бројот 80 за уставни измени ќе биде сигурен

Како сапуница стана наводниот влез на Алијанса за Албанците во владата. Име преговори, нема преговори, гаранции, министерски места, секој ден разни изјави, разни информации.

Последната изјава на лидерот на партијата Арбен Таравари беше дека тој сака гаранции за уставни измени за да донесе одлука за влез во влада, а сега вели дека можеби и подобро е да останат во опозиција ако не се договорат.

„Услов, не може да се каже дека е услов затоа што никој во овој момент не може да гарантира и да каже дека бројот 80 за уставни измени ќе биде сигурен, но ни треба одредена сигурност дека барем е веројатно, некаква гаранција дека е веројатно уставните измени се направат годинава, инаку не гледам логика зошто би разговарале или зошто да ги продолжиме разговорите. Секогаш велам дека ако Алијанса за Албанците не влезе во Владата, земјата ќе оди на избори, со голема веројатност“, рече Таравари.

Таравари додава дека апсолутен услов останува пакетот презентиран пред меѓународната заедница, во кој има и иницијативи за конкретни чекори кон борбата против корупцијата.

Сепак, некои од партнерите од владиното мнозинство го отфрлија влезот на Алијанса или се резервирани за проширување на мнозинството. Сè додека Алтернатива е против, Демократскиот сојуз на Павле Трајанов бара да не се зголемува бројот на министри Албанци.

„Не одиме со зорт во Влада. И да нема интерес, ќе продолжиме во опозиција, бевме и можеме да продолжиме во опозиција. Немаме никакви проблеми“, вели Таравари.

Таравари очекува координација меѓу коалициските партнери за да се види дали партиите официјално ќе ги започнат преговорите.

„Оваа работа не може да трае вечно. Ни треба најмногу за овие две недели да ја расчистиме оваа работа. Или ги започнуваме преговорите или продолжуваме во опозиција и мислам дека можеби е добро Алијанса за Албанците да продолжи во опозиција“, вели Таравари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk