logo
logo
logo

„Скоро 33 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УВОЗ НА СТРУЈА за еден месец, СЕКОЈ ДЕН НАД МИЛИОН“

Vecer | 02.12.2022

„Скоро 33 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УВОЗ НА СТРУЈА за еден месец, СЕКОЈ ДЕН НАД МИЛИОН“

Продолжуваат во владата „хероите” со „херојските дела“ во енергетиката. Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање. За само 3 дена од 5ти до 7ми Декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4.200.000 евра, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој истакнува дека за само еден месец, од 7 ноември до 7 декември „хероите” во владата увезле струја за точно 32.955.084 евра или за повеќе од 1 милион евра на ден.

-  Доколку работеше ЕСМ како што најавуваа „хероите” во владата со трите блока во Битола и едниот блок во Осломеј, или ако трансформаторот во Битола стигнеше како што најавуваа на 1ви Ноември, овие пари немаше да се потрошат на увоз на струја. Ќе имаше повеќе за студентски оброк, за земјоделците, ќе имаше повеќе за градинки, улици, паркови и училишта, потенцира Мицкоски.

Како што вели наместо да произведуваат, увезуваат за авансни „херојски” провизии.

- Доаѓа денот на одговорност кога „херојските” авансни провизии ќе ви бидат претешки, потенцира Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk