logo
logo
logo

Проф. Борче Давитковски

„Ако сакаше власта ЌЕ ГИ ЗАТВОРЕШЕ БУГАРСКИТЕ КЛУБОВИ“

Vecer | 01.12.2022

„Ако сакаше власта ЌЕ ГИ ЗАТВОРЕШЕ БУГАРСКИТЕ КЛУБОВИ“

Според професорот Борче Давитковски нема политичка волја да се затворат бугарските здруженија во Македонија,.

Тој тоа го изјави во врска со битолското здружение „Иван Михајлов“ и охридското „Цар Борис Трети“ на кои македонската јавност бурно реагираше имајќи предвид дека носат скандалозни називи и истите се со спорни статути во кои се величаат соработници на фашизмот.

– Нема политичка волја. Ако сакаше власта веќе ќе ги затвореше клубовите, затоа што и актуелниот Закон за здруженијата не дозволува регистрација на организиации што промовираат национална и верска нетрпеливост. Според Законот, надзор на неговото спроведување врши Министерството за правда. Ако во Министерството има кадарни луѓе, не зборувам за министерот, туку за секторот што работи со невладините организации, ако тие го прочитале законот и ако се кадарни веднаш со решение требаше да му наложат на Централниот регистар да го поништи уписот на здруженијата додека не се исправат спорните моменти во документацијата – вели професор Давитковски за „Утрински печат“.

Тој објаснува дека секое здружение кога оди да се регистрира во Централниот региостар приложува одлука за основање, статут и програма за работа за една година и Централниот регистар ги разгледува тие три составни елементи.

– Во Централниот регистар може да знаат, може да не знаат да ја проценат содржината, но ако е повреден член 4 став 2 од Законот за здруженијата, при вршење на надзорот Министерството за правда требаше со решение да ги избришат двете здруженија – вели Давитковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk