logo
logo
logo

Анкета

„МАКЕДОНИЈА СЕ ДВИЖИ ВО НЕГАТИВНА НАСОКА, најголема одговорност за тоа е кај власта“

Vecer | 21.11.2022

„МАКЕДОНИЈА СЕ ДВИЖИ ВО НЕГАТИВНА НАСОКА, најголема одговорност за тоа е кај власта“

Македонија се движи во негативна насока и тоа го мислат поголем дел од македонските граѓани. Ова го покажуваат резултатите на анкета спроведена од Маркет вижн.

Резултатот од анкетата е само одраз на реалната состојба во државата. Оние ветувања кога власта го промени името, за подобра економија, подобро здравство, образование, граѓаните не ги чувствуваат.  Дополнително се бараат нови услови сега од Бугарија.

Покрај тоа оваа власт лошо се справи со корона кризата, Македонија молеше за вакцини, а ја имавме и една од највисоките смртни стапки. Дополнително на тоа лошо се справува со економската, но и енергетската криза. Цените на струјата и основните производи растат, граѓаните имаат се помала куповна моќ а власта како да не најде механизми овие поскапувања да ги ублажи или спречи.

За граѓаните инфлацијата, цените, но и нефункционалниот правен систем, корупцијата, невработеноста се најголеми проблеми.

Затоа и речиси 60 отсто од анкетираните македонски граѓани одговориле негативно на прашањето дали Македонија се движи во позитивна или негативна насока.

Најголема одговорност за состојбата во земјата, испитаниците ја лоцираат во Владата и во капацитетот на владејачките партии (61,2%). Резултатот на ова е двојната предност на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, водечката партија од владината коалиција, покажува истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн.

Мал дел од испитаниците, само 13% сметаат дека земјата се движи во позитивна насока, околу една четвртина сметаат дека стои во место.

Според испитаниците најголем проблем со кој се соочува нашата земја е инфлацијата и растот на цените на струјата и нафтените деривати (44%), додека 26,3% одговориле невработеноста и намалената стопанска активност. Оттука 70,3% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во земјата се економски фактори. Од неекономските фактори се издвојува криминалот и корупцијата со 20 отсто.

Од 1 до 5 испитаниците ја оценуваа работата на државните институции. Најниски оценки за успешноста во работењето добија Владата (2,2) и судството (1,86). Две третини од испитаниците (67%) сметаат дека Владата работи неуспешно, а 76% од испитаниците сметаат дека судството не работи успешно.

Телефонската анкета е на МКД.мк е спроведена од Маркет вижн на 1.200 испитаници беше спроведена од 7 до 13 ноември, со статистичка грешка од +/- 3% и интервал на доверба од  95 отсто. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион,пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот од 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk