logo
logo
logo

“Македонија ја водат и раководат политички хиени“

Vecer | 02.10.2022

“Македонија ја водат и раководат политички хиени“

Професорката Гордана Сиљановска Давкова со свое гледање на македонската политика, денес, објавено на нејзиниот Фејсбук профил:

Внатрепартиската демократија, секаде, па и кај нас, е една од најголемите политички и партиски тајни. Таа е како Јанус со две лица: полиархиско- статутарното и олигархиско- реалното.

Нашите партии, со оглед на патронажниот карактер, изразен низ формулата: „лидерот плус партијата“ се централизирани машинерии и олигархиски ентитети. Ако на ова ја надоврземе партократијата како модел на управување во кој линијата меѓу партиското и државното се брише, или е невидлива, јасно е зошто бројот на членовите на нашите партии, во политичка ера на континуиран пад на партиското членство во европските и други партии, не опаѓа, туку е стабилен, па дури и расте. Каде е партијата, таму е моќта, каде е лидерот, таму е одлуката!

Наместо интересите на граѓаните и симпатизерите, партиите најчесто ги адресираат оние на партиските „ЕЛИТИ“, односно привилегираните членови. Во нивните пазуви се раѓаат биснис политиката и клиентелизмот, а тие се плодна почва за корупција и криминал, нашата НАЈГОЛЕМА БОЛКА!

Внатрепартиската организација и партискиот модел на одлучување , преку недемократски избраните, всушност именувани претставници од страна на ЛИДЕРОТ и партиската камарила, се селат, односно пресликуваат во сите претставнички и извршни тела, на централно и локално ниво, па државата личи на партијата/партиите на власт , во чија сопственост е.

Недемократскиот, некомпетитивен и нетранспарентен начин на избор и именување на првите луѓе во различните органи и тела, од најниските до највисоките, ја суспендира стручноста и компетентноста како ОСНОВЕН КРИТЕРИУМ и овозможува на важни позиции да СЕДНАТ МИНОРНИ ликови. Така, НАЈКОМПЕТЕНТНИТЕ, по неколку (не)успешни обиди, КРАВААТ РАЦЕ И БЕГААТ, а со нив и ЗНАЕЊЕТО во кое вложила државата. Во НОВАТА ДОМА, никој не ги прашува дали се членови на партијата на власт, туку ШТО ЗНААТ И ШТО УМЕАТ!

Нам ни остануваат погрешните луѓе на ВАЖНИ ФУНКЦИИ, убаво стокмени, со коли опремени, со секретарки придружувани, БОГАТО најадени и НАПИЕНИ. Ама, институците не функционират сами од себе. Преполни се со вработени, а РАБОТАТА стои, или пропаѓа. ОДГОВОРНОСТ нема, оти тие „ОДГОВАРААТ“ САМО И САМО пред ЛИДЕРИТЕ – ПОЛИТИЧКИ БОГОВИ, а тие НИКОМУ!

Македонија ја „ВОДАТ“ и „РАКОВОДАТ“ политички ХИЕНИ, луѓе без интегритет, без дигнитет, без вистинско образование, МАЛОГРАЃАНИ , желни и жедни за енормни материјални привилегии и висок социјален статус.

Сведоци сме на Rule of Men, наместо на Rule of Law.

Наместо процес на креирање политики, имаме политички процес, наместо со административен и технократски, соочени сме со партизиран процес на одлучување, наместо плуралистички (со сите засегнати страни), или корпоративистички ( со социјалните партнери), доминира „елитистичкиот“ процес, со мал број НЕУКИ И ПРИГЛУПИ учесници, што тешко може да се наречат елита.

Она што овие „елити“, односно ДЕМАГОЗИ најдобро го прават е делењето неумерени комплименти на лидерите на партиите и носителите на највисоки функции , а овие, НЕБАРЕ ФАТАЛНО ВЉУБЕНИ, треперат од возбуда пред високите меѓународни претставници, што е полесно од ЖРТВУВАЊЕ, ТЕШКА РАБОТА, постојано учење, планирање, креирање, соработување, контролирање....

Тие не уживааат респект од народот, ама имаат гласачки машинерии и дивизии, купени или капарисани со нашите пари за бесплодни вработувања и фукции! Резултатот е СТАБИЛНА НЕСТАБИЛНОСТ на која мора да и се стави крај, оти НИ ЗБОГТИСАА РЕТОРИКАТА И БАЛКАНСКА ИДИОТСКА РЕАЛНОСТ!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk