logo
logo
logo

110 пријави за НЕСАКАНИ РЕАКЦИИ од вакцините против корона вирус

Vecer | 27.05.2021

110 пријави за НЕСАКАНИ РЕАКЦИИ од вакцините против корона вирус

На адресата на Агенцијата за храна и лекови досега, односно од почетокот на имунизацијата во земјава, пристигнале околу 110 пријави за несакани реакции од вакцините против корона вирус.

- Во периодот од 17.2.2021 до 27.5.2021 година до МАЛМЕД се пристигнати околу 110 пријави на сомнеж за несакани реакции од вакцини против Ковид-19 по спроведена вакцинција на 227.963 лица во нашата земја. Најчесто се пријавени несакани реакции со лесна симптоматологија како болка и оток на местото на апликација, зголемена телесна температура, малаксаност, главоболка, болка во мускули, гадење и вртоглавица, велат од Агенцијата за храна и лекови – МАЛМЕД за „Слободен печат“.

Од Агенцијата нагласуваат дека сите досега пријавени несакани реакции се опишани во упатствата за употреба на вакцините и не се случило никој да пријави животозагрозувачка состојба.

Пријавите за нус појави од вакцините се проследуваат до глобална електронска база на податоци за несакани реакции на лекови на Светската здравствена организација со седиште во Шведска „Uppsala Monitoring Centre“ (UMC) по што стануваат дел од документацијата за безбедноста на лекот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk