logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ и ДУИ со насилство дефокусираат од тајните преговори во Софија“

Vecer | 27.06.2022

„СДСМ и ДУИ со насилство дефокусираат од тајните преговори во Софија“

Насилие, физичка пресметка, недоличен речник е вистинската слика за криминалната власт на СДСМ И ДУИ. На лудилото на власта и нема крај. Граѓаните денес беа сведоци на вистинското лице на насилниците на ДУИ И СДСМ како физички нападнаа свои колеги мавајќи со чаши по нив, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека наместо СДСМ да го осуди ваквото насилничко однесување на Арбер Адеми застана во одбрана на насилството и го поддржа ваквото скандалозно однесување

– СДСМ И ДУИ денес во Собранието демонстрираа сила и предизвикаа инцидент за да се дефокусира јавноста од она што тајно денес го реализираат.Неспособната власт сака да ја дефокусира јавноста од тајните преговори кои денес се водат во Софија за предавствата на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ. Ваквите мрачни сценарија нема да им поминат. Премногу е, се додава во партиската реакција.

СДСМ претходно одбвини дека секогаш кога темата правда е на дневен ред во Собранието ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, деструктивна, прави тензии а денеска дури се обиде да испровоцира и физичка пресметка, обвинува владејачката СДСМ.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk