logo
logo
logo

За Македонија и Албанија НАМЕСТО ДАТУМ ЗА ЕУ, да го прифатат предлогот на Макрон?

Vecer | 20.05.2022

За Македонија и Албанија НАМЕСТО ДАТУМ ЗА ЕУ, да го прифатат предлогот на Макрон?

По се изгледа во јуни ќе има уште еден самит на ЕУ на кој ќе нема  датум за почетокот на преговори за Македонија, а со тоа нема ни за Албанија која е во пакет со нашата држава. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во Тирана, наместо за датум зборуваше за предлогот на Макрон земјите од Западен Балкан, како и Украина да добијат статус на асоцијативна земја во Европската Унија.

„Направивте се што е можно за да ги надминете предизвиците. Од друга страна, важно е да не се чека конечната одлука. Една идеја е асоцијативните членки, т.е. грубо, приближен пристап за потребните формати што ќе ги имаме, за да се запознаеме подобро еден со друг, да ги разбереме потешкотиите и да се грижиме еден со друг. Да сме конкретни и оперативни“, вели Шарл Мишел.

Покрај предлогот на Емануел Макрон, кој ја ужива поддршката и од германскиот канцелар Олаф Шолц, во агендата на ЕУ се уште нема можност за одвојување на Албанија и Македонија. Двете земји ќе одат во пакет,  откако Бугарија ќе се откаже од ветото.

„Јас сум посветен пријател за решавање на тешкотиите со кои се соочивме. За неколку недели ќе имаме финален состанок на француското претседателство за да се реши оваа ситуација. Проценката ќе ја направиме во јуни. Се надевам дека ќе успееме да го направиме ова. Се разбира, ако тоа не се случи, треба да ја преиспитаме ситуацијата. Позицијата на премиерот е разумна и оправдана“, вели Шарл Мишел.

„За Отворен Балкан, да повторам, јас лично го поддржувам, посакувам сите да се приклучат на оваа иницијатива, бидејќи можностите за зајакнување на економските и политичките структури ќе бидат поголеми. Ова ќе го олесни приближувањето на Западен Балкан со Европа. Исто така, енергетското прашање е геополитичко за куповната моќ. Ова е многу значајно. Оваа политичка платформа мора да се создаде. Чекорот за интеграција мора да се направи со собирање на сите на иста маса за да имаме заедничка колективна интелигенција“, додава Шарл Мишел.

https://youtu.be/pTRs-0bMD20

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk