logo
logo
logo

Анкета ИПСОС

ВМРО-ДПМНЕ НАД 9% ВОДСТВО ПРЕД СДСМ, граѓаните не веруваат во работата на Ковачевски

Vecer | 15.05.2022

ВМРО-ДПМНЕ НАД 9% ВОДСТВО ПРЕД СДСМ, граѓаните не веруваат во работата на Ковачевски

ВМРО-ДПМНЕ со водство од 9,1% пред СДСМ на анкета која ја спроведе агенцијата ИПСОС во април годинава. Според истата анкета на предвремени парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 22%, додека за СДСМ само 12,9%.

ВИсоки 38% од граѓаните сметаат дека владата на премиерот Димитар Ковачевски има лоши резултати, а 24% лоши, што значи дека 62% од граѓаните сметаат дека владата лошо работи.

На анкетата исто така граѓаните оцениле дека најзначајни проблеми се лошиот стандард, економијата, високите цени.

Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ изработи теренска анкета на јавното мислење на 1.000 испитаници за периодот од 06 до 26 април 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.

На прашањето доколку утре се оддржат предвремени парламентарни избори и доколку на тие избори се кандидираат само партии, а не коалиции, за која партија би гласале?

ВМРО-ДПМНЕ 22%

СДСМ 12.9%

ДУИ 6.2%

Левица 5.4%

Алијанса за Албанците 2.8%

БЕСА 2%

Алтернатива 1.3%

Други партии 3.9%

Неодлучни 17.1%

Одбивам да одговорам 15.8%

Нема да гласам 10.6%

Кои се најзначајните проблеми?

Лош стандард, ниски плати и пензии, високи цени 20%

Економија, финансии 19%

Невработеност 10%

Криминал, корупција 6%

Образование 4%

Иселување на млади од државата 3%

Меѓусоседски односи- односи со Бугарија 3%

Лошо здравство 2%

Лоши услови во земјоделие 2%

Останати теми 24%

Не знам 7%

Како го оценувате досегашното работење на Димитар Ковачевски?

Лош резултат 38%

Многу лош резултат 24%

Добар резултат 24%

Одличен резултат 11%

Не знам 3%

Со која од следните изјави се согласувате највеќе?

Македонија треба да ги вклучи без услови Бугарите во Уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото за отпочнувањена преговорите со ЕУ- 32%

Македонија треба да бара реципроцитет од Бугарија за да ги вклучи Бугарите во Уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото за отпочнување на преговорите со ЕУ- 39%

Македонија треба без услов да ги вклучи Бугарите во Уставот и покрај тоа што Бугарија не гарантира дека ќе го тргне ветото за отпочнување на преговоритесо ЕУ- 10%

Не знам- 19

Која страна ја поддржувате во војната со Украина?

Русија 13%

Украина 29%

Двете страни 10%

Ниту една 38%

Не знам 10%

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk